МАКЕДОНИЈА

Закажани термините за судење на предметите на СЈО, кои можат да почнат од почеток

Кривичниот суд утврди термини за случаите на поранешното Специјално обвинителство кои запреа поради, пензионирање на судијата поротник. Најголемиот и еден од клучните случачи на поранешното СЈО, „Титаник“ за изборни нерегуларности е закажан за 24 – ти август додека „Топлик“ ден порано. „Талир“ за незаконското финансирање на ВМРО – ДПМНЕ е закажан за 3 – ти септември додека „Тендери“ каде една од обвинетите е екс министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска е закажан на 6 – ти септември. Дел од овие случаи се судат со години и сега има опција тие да продолжат онаму каде засатанале поради пензионирањето на поротникот, или обвинетите да побараат процесот да почне од почеток.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button