ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Законите за даночна реформа пред членовите на Комисијата за европски прашања

Комисијата за европски прашања денеска ќе одржи седница на која на дневен ред се два од трите закони за даночна реформа, што Владата ги предложи по скратена постапка со европско знаменце. Станува збор за Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и  Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка.

Advertisements

Со предложените измени и дополнувања на Законот за данокот на додадена вредност, како што е образложено од ресорното Министерство, се врши намалување на стапката од 18 проценти на 5 проценти за прометот со менструални производи и се намалува даночната стапка за дигиталните учебници. Се зголемува стапката на ДДВ од 5 на 10 проценти на луксузните производи коишто не се дел од основните прехранбени производи, а зголемување се предлага и кај пелетите кои досега имаа повластена даночна стапка од пет проценти, но по реакциите во јавноста, дел од пратеничките групи најавија амандмани.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button