ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Законите за уставното име на државата и за патните исправи се пред конечно одобрување во Собранието

Собранието се врати на работа. Работните тела денеска ги прочитаа предлог законите во врска со уставното име и за патни исправи. Поради недостаток на консензус меѓу власта и опозициската ВМРО ДПМНЕ, уставното име во личните и патните исправи ќе се регулира со уредба. Според Владата, ова е направено со цел да се одблокира издавањето на нови документи со уставното име, односно личните карти и пасошите. На последната координација на претседателот на Собранието, Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи и пратеници кои не се организирани во групи, констатирано е дека до 14 септември ќе се продолжи со отворените седници, додека по 14 септември ќе биде свикана нова пленарна седница за новите точки. Во постапка останаа Законот кој ја предвидува недела како неработен ден, Законот за уставни судии, интерпелациите и пакетот закони за образование. Исто така, без процесирање останува и Предлог законот за наркотици на кој Владата постави европско знаме. До пред годишниот одмор, не беа одржани седници за интерпелација против двајца министри во кабинетот, Љупчо Николовски и Бојан Маричиќ, додека опозицијата продолжува да инсистира на јавна расправа за покачувањето на цената на електричната енергија. ВМРО ДПМНЕ оценува дека со приближувањето на локалните избори, кампањата и процесот на попишување, Собранието повторно ќе заостане со работа. На 45 – та седница се наоѓа и првото читање на Предлог законот за игрите на среќа. Предлогот е доставен до Собранието, а го носи потписот на вицепремиерот, Артан Груби и предвидува организирање игри на среќа и отстранување на тие објекти најмалку 500 метри подалеку од основните и средните училишта.

Adrian Kerimi

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button