ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Законот за државјанство останува блокиран

Нема договор за деблокирање на нацрт-законот за државјанство. На координацијата што се одржа во Собранието меѓу координаторите на пратеничките групи, „Левица“ не се откажа од блокадата. Алијанса за Албанците и Алтернатива неофицијално побарала од ВМРО ДПМНЕ – пратениците да се повлечат и да не дискутираат, и да останат само пратениците на Левица. За овој предлог, се дознава дека координаторот на ВМРО-ДПМНЕ побарал да разговара со лидерот на партијата. Мицкоски пак, негира дека ВМРО ДПМНЕ во Собранието го блокира предлог-законот за државјанство и го обвини СДСМ дека предложила измени на законот без консултација со опозицијата.

Во неговото последно обраќање, Заев ги обвини опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и „Левица“ за меѓусебна конкуренција, што уште повеќе ја блокира работата на Собранието, гарантирајќи дека нацрт-законот за државјанство ќе биде усвоен, како што е договорено со Алијанса и Алтернатива. На последните три заседанија на собраниската Комисија за одбрана и безбедност, како  треба да се разгледаат амандманите на нацрт-законот, „Левицата“ го блокираше нивното разгледување преку маратонски говори. Алијансата за Алабнците и Алтернатива најавуваат дека по консултација во партиските тела ќе заземат став за нивното идното дејствување. Во случај постапката да не се одблокира, коалицијата Алијанса-Алтернатива не ја исклучува можноста за повторна блокада на Собранието.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button