ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Законот за државјанство се очекува да биде донесен во четврток

Законот за државјанство се очекува да биде донесен во четврток. Денеска Законодавно-правната комисија ги прочита сите предложени амандмани при прегледот на текстот во второто читање. Алијанса за Албанците и Алтернатива очекуваат предлогот да биде поддржан од сите политички субјекти во Собранието.

„Очекуваме конструктивност од сите политички фактори, вклучително и од македонските опозициски партии. Овој закон е во интерес на граѓаните, а не во интерес на политичките субјекти. Ние рековме и порано, овој закон мора да помине“, рече Скендер Реџепи, координатор на AА-AAA.

Повиците на политичките субјекти и невладините организации за непотпишување на указот за текстот од страна на Претседателот, за парламентарно мнозинство немаат основа. Според Алијанса и Алтернатива нема причина претседателот да не го потпишува указот за закон предложен од Владата, односно министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, дотолку повеќе што истиот содржи европската ѕвезда.

“Нема причина. Претседателот е избран од сите граѓани и треба да биде во нивна служба подеднакво. Нема ниедна причина зошто тој треба да го спречи донесувањето на законот“, вели Реџепи.

Дебатата на пленарната седница по оваа точка може да трае два дена. Предлог-законот за државјанство е 9 точка на 47-та седница, односно по разгледувањето на буџетот и резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button