ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Законот за попис, Пендаровски ќе се консултира со правни експерти

Претседателот Стево Пендаровски пред да го потпише указот за законот за попис ќе ги разгледа прописите со правни експерти. Најавите на опозицијата за покренување на иницијатива за укинување на Законот за попис не го плашат претседателот да го процесуира законот.

Кабинет на Претседателот:

„Неколку пати изјавивме дека е потребен сигурен процес и во согласност со стандардите на Обединетите нации и ЕУРОСТАТ. Потребни се конструктивни предлози од опозицијата за да можат да бидат разгледани и прифатени.“

Кабинетот на шефот на државата не посочува дали, по усвојувањето на законот, ќе се бара гаранција од политичките лидери дека нема да го попречуваат процесот. Но, претседателот тврди дека политичките фактори мора да гарантираат дека резултатите од пописот нема да се користат за уставни измени.

Кабинет на Претседателот:

„Пописот е статистички процес и не треба да се проблематизира како политичка операција што би се користела за уставни измени во иднина.„

Освен ВМРО-ДПМНЕ и партијата „Левица“, другите политички субјекти изразија подготвеност да го поддржат пописот, кој е закажан од 01-21 април.

Адријан Ќерими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button