ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Законот за потекло на имот остана ветување

Законот за потекло на имот, како механизам за борба против корупцијата, останува ветување на хартија. Владата го промовираше овој механизам со постојано најавување, но не презеде чекор иницијативата да се достави до Собрание. На прашањата денеска испратени до Владата, одговор не добивме.

Прашања до Владата:

– Зошто овој закон сѐ уште не е усвоен?
– Зошто нацрт верзијата сè уште не е објавена за јавна расправа?
– Дали нацрт-верзијата е испратена за мислење до Венецијанската комисија, како што беше најавено од тогашниот вицепремиер Николовски?

Овој закон би го процесуирал кабинетот на вицепремиерот за борба против корупција, кој сега се нарекува кабинет на вицепремиерот за политики за добро владеење.

Верзијата на законот, требаше да биде објавена само една недела по оваа изјава на Љупчо Николовски од септември 2021 година.

Комисијата за спречување на корупцијата има врзани раце да го истражува имотот на функционерите. Оваа институција може да го провери имотот само во анкетните списоци што службените лица сами ги доставуваат. Антикорупциска во многу случаи не ги добива ниту ажурираните списоци на институции со избрани и именувани функционери.

Владата никогаш јавно не ја објави нацрт верзијата на Законот за потеклото на имотот, но се зборува за лимит од 30.000 евра. Сите средства над оваа сума ќе бидат ревидирани.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button