ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Закупците на Кванташки пазар утре ќе протестираат: На пазарот не постојат основни елементарни услови за работа

Закупците на тезги на Каванташки пазар во Скопје, утре,од 6 до 9 часот, ќе протестираат пред влезот на пазарот поради, како што велат незаконското и своеволно однесување на раководството.

Тие во соопштение до медиумите наведуваат дека на самиот пазар не постојат основни елементарни услови за работа, како за закупците, така и за индивидуалните земјоделци – производители и купувачите.

„Не постои соодветна канализациона мрежа па така и при помал пороен дожд доаѓа до поплавување на улиците како и на нашите магацини и во тие услови не можеме да ја вршиме основната дејност, односно да ја продаваме робата. Иако сопственикот и раководството на Кванташкиот пазар ветуваа многу и подобри услови за работа за сите заинтересирани, на жалост ништо од тоа не е исполнето. Не постојат доволен број на санитарни чворови, односно постои само еден, а и тој е далеку од основни стандарди за лична хигиена, не постои и поделба на машко и женско ве-це“, велат закупците и додаваат дека водата за пиење која била од водоводната мрежа на град Скопје, е прекината и место неа е ископан бунар.

Тие посочуваат дека им било дадено ветување за целосно покривање на закупените места, но ниту тоа ветување не е исполнето.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button