ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заменик -министерот за правда Агим Нухиу вети дека ќе има кривична одговорност за трагичниот настан во Тетово

Заменик -министерот за правда Агим Нухиу вети дека ќе има кривична одговорност за трагичниот настан во Тетово, откако истражните институции ќе го расветлат настанот. Институциите, вели тој, ги презеле сите мерки за целосна истрага.

“Ако станува збор за кривична одговорност, тие ќе бидат одговорни за сите постапки и ние ќе го докажеме, дека сме одговорни пред органите. Кривичното дело што беше предизвикано во трагедијата во Тетово има своја фигура, има свои елементи и ние овде не можеме да најдеме игла во слама, туку има органи кои треба да преземат низа дејствија и постапки за откривање на елементи на кривично дело“.

Нухиу ги даде овие коментари во емисијата „200“ во Алсат. Сепак, опозицијата одговара со недоверба. Според нив, институциите неколку пати докажале дека често нема одговорност за вакви настани.

“Сега нас не интересира дали ќе има фер пристап, но, се разбира, имаме многу сомневања како и сите граѓани на Македонија, бидејќи имало многу процеси без соодветен одговор. Имаме право да веруваме дека и овој ќе биде еден истите такви процеси, а тоа е многу трагично. Јас, лично како граѓанин, сакам истрагата да биде исправна, но знам дека ќе има многу недоследности како што имало многу недоследноти во многу такви процеси“.

Нухиу верува дека функционерите што поднеле оставка, тоа  не значи  дека тие се виновни и тоа дека оставките се даваат и констатираат во координација со премиерот. За опозицијата, оставките се само ПР, бидејќи не беа поднесени во првиот момент по трагедијата.

Fatlume Dervishi

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button