ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Занаетите сеуште егзистенција за многу семејства

Занаетите сеуште егзистенција за многу семејства

Велешкото семејство Тачков, кое се занимава со производство на волнени производи, ја пренесува традицијата од генерација на генерација и е меѓу ретките кои се занимаваат со овој занает. Но интересот за овие производи е значително намален. Процесот до финалниот производ е долг и тежок, вели Венче Тачков. Заедно со семејството цело лето работат за да можат во зима да продаваат и да го поминат зимскиот период.

Тачков вели дека најчесто купуваат повозрасни, кои според него ја знаат вредноста на волната додека младите воопшто не се заинтересирани.

Чорапите кои чинат околу 400 денари имаат ограничен период на употреба. Можат да се носат само една сезона бидејќи се кинат, ако не се случи тоа, вели Тачков, значи дека не се направени од чиста волна. Други производи како што се елеците, доколку се чуваат и одржуваат добро, можат да траат од 10 до 20 години. Најскап производ на неговата тезга бил елек кој чинел 1.200 денари.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button