ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Заостанат долг за вода без камата ќе може да се исплати од 2 до 15 ноември

Од 2 ноември до 15 ноември граѓаните кои имаат заостанати долгови кон јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ќе можат да ги исплатат без каматата за задоцнето плаќање. По истекот на овој период одлуката ќе престане да важи.

– Секој работен ден од 8 до 14 часот, граѓаните можат да се обратат во Секторот за наплата, за исплата на долговите до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот, се наведува во денешното соопштение.

Сите корисници кои доаѓаат во просториите на претпријатието треба да го одржуваат редот на чекање за влез, почитувајќи го определеното растојание. При влез, задолжително е носење на заштитна маска, а пред влез на секој клиент ќе му се мери телесната температура.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button