РЕГИОН

Запленет кокаин во Драч – дрогата била сокриена во пакети со морска храна

о најголемото албанско пристаниште Драч, откриена и запленета е нова количина на кокаин, овој пат во контејнер со морска храна, натоварен во Еквадор.

„Како резултат на деталната контрола извршена во контејнерот, во делот на капаците за вентилација беа пронајдени пакетчиња со кокаин во вкупна тежина од околу седум килограми. Дрогата беше во контејнер натоварен со морска храна, испратена од Еквадор во име на компанијата „Fish Co Tirana“, со седиште во Тирана“, се вели во полициското соопштение.

Се додава дека по извршените дејствија, експертите за истраги со наркотици во Управата на локалната полиција Драч го уапсиле Д.Д.(35) жител на Тирана, администратор на фирмата каде требало да стигне нарачката.

„Под раководство на Обвинителството во Драч, продолжуваат истражните дејствија за целосно документирање на оваа криминална активност, идентификување и приведување на други лица вклучени во истата“, информира полицијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button