ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Запленети над 3 000 пиротехнички средства на ГП „Јажинце“

Полицијата вчера, околу 16:40 часот, на граничниот премин „Јажинце“ спречила шверц на пратка со пиротехнички средства (огномети, петарди, ракети и слично).

Advertisements

Како што информира денеска МВР, при проверка на патничко моторно возило „тигуан“ со тетовски регистарски таблички, управувано од З.С. од Тетово, во багажниот простор биле пронајдени повеќе пакети во кои имало 3312 парчиња пиротехнички средства.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button