ФУДБАЛ

Започна 14. недела во ПМФЛ

Емини со 2 гола носи победа за Македонија Ѓ.П. Со натпреварот помеѓу Скопје и Македонија Ѓорче Петров започна 14-та недела во ПМФЛ. На стадионот во „Автокоманда“, по 90 минути игра, на победа се радуваше Македонија Ѓорче Петров, која благодарение на двата гола на Емини собра 3 бода. Екипата на Скопје прва постигна гол во 58 минута благодарение на Јашароски. Останатите 5 натпревари од 14 недела ќе се одиграат во недела, каде се очекува многу охрабрување во натрварот меѓу Академија Пандев и Тиквеш. Актуелниот шампион, Шкендија во Тетово ќе игра со Брегалница, додека Ренова на гости ќе игра со Борец. Актуелниот лидер ФК Шкупи на стадионот во Чаир ќе игра со Пелистер, а Струга Трим Лум ќе биде домаќин на Работнички. Сите натпревари од 26 коло, ќе започнат во 13.00ч.

Прва лига – Недела 14
Скопје 1–2 Македонија Ѓ.П
Акад. Пандев – Тиквеш
Шкендија – Брегалница
Борец – Ренова
ФК Шкупи – Пелистер
Струга Трим Лум- Работнички

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button