ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Започна вакцинацијата на деца од 12 до 17 години

Во земјата започна вакцинацијата на деца на возраст од 12 до 17 години. Во главниот град, вакцинацијата на децата се одвива во три поликлиники „Букурешт“, „Јане Сандански“ и „Чаир“. Родителите велат дека вакцинацијата е неопходна за да се надмине пандемијата што е можно побрзо.

„Синот има 17 години, само што беше вакциниран со Фајзер. Беше негова одлука, но и наша како родители. Заедно решивме. Со оглед на тоа што се случува во светот, решивме да се вакцинираме како семејство“…
„Синот не сакаше да се вакцинира, но сметавме дека е потребно. Има 17 години, се препорачува да биде вакциниран“…
„Како семејство решивме да се вакцинира синот, гледаме дека бројките се зголемуваат. Сега е вистинското време да се искористи за да се зголемат антитела, да се заштитат децата. Заедно со синoт решивме да се вакцинираме“, рекоа анкетираните граѓани.

Преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ 1800 деца се пријавиле за вакцинација. Тие се вакцинираат со Фајзер која е единствено препорача да се аплицира и на деца.

„Како што беше најавено, процесот на вакцинација од денес започна и кај возраста од 12 години. Од вкупниот број што го имаме во системот „Мој термин“ за денес закажавме 320 термини. Меѓу нив има деца на возраст од 12 години. Досега, вакцинирани се околу 5 деца на возраст од 14-15 години“, рече Салајдин Мемети, раководител – поликлиника Чаир, Скопје.

Во врска со епидемиолошката слика во земјата, Комисијата за инфективни болести утрово забележа мало зголемување на позитивните случаи со Ковид19 во градот Тетово и Скопје. Според анализата, зголемувањето на случаите во Тетово доаѓа како резултат на непочитување на препораките за време на семејни прослави и свадби во затворено.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button