ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Запоставувањето на Албанците по независноста, грешка на македонскиот политички фактор

Потиснувањето на правата и стремежите на Албанците, од комунистичкиот режим, продолжи со истата тенденција во Македонија и по отцепувањето од Југославија. Дури и со независноста на Македонија и новиот устав, Албанците ги загубија правата што ги уживаа според уставот од 1974 година. Уставот од 1991 година им остави на Албанците статус на националност и покрај фактот дека нивниот процент ги правеше фактор за државотворност. Непризнавањето на овој елемент, како и на правото на јазик, на образование на албански на универзитетско ниво, неможноста за употреба на симболите и друго, им го ускратија правото на Албанците да бидат рамноправни граѓани на истата земја. Репресијата се зголемуваше по секоја форма на протест и изразување револт од албанската заедница, но и по секој политички бојкот на процесите од страна на албанските партии. Тоа дополнително го влошуваше пристапот на Албанците до државата и обратно.

Професорот Џељал Зејнели вели дека запоставувањето на Албанците при формирањето на државата било грешка на македонскиот политички фактор од тој период, што подоцна донесе фатални последици.

Џељал Зејнели, професор

„Албанскиот политички фактор, во согласност со предлозите на Вашингтон и Брисел, продолжи да ги артикулира, собира и наметнува своите барања на политички и демократски начини, дејствувајќи во Парламентот на Македонија за одржување на стабилноста на оваа земја и регионот, бидејќи косовскиот проблем беше нерешен во тоа време. Албанците станаа дел од Владата, не заради кариера, туку заради стабилноста на оваа земја.“

Албанците вели Зејнели, сега 30 години подоцна, уживаат повеќе права кои не се грижат да ги остварат.

Џељал Зејнели, професор

„Некои права, ние самите не ги остваруваме. Законот ни ги овозможува, а ние самите не ги реализираме. Тоа е проблемот. Ако го земеме прашањето за албанскиот јазик, во многу институции управувани од министри Македонци имате двојазичност, а за парадоксално, имате некои институции, вклучувајќи ја и локалната самоуправа, каде апсолутно мнозинство се Албанци, каде самите Албанци не го почитуваат. Во некои случаи, ние треба да се обвинуваме себеси.“

Историјата препознава неколку случаи на репресија, меѓуетнички конфликти и судири кои кулминираа во периодот кога власта беше предводена од ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски. Тензиите во Скопското кале започнаа кога група Албанци сакаа да ја урнат железната структура на црквата што властите започнаа да ја градат во отсуство на транспарентност. Поттикнувањето на меѓуетнички и меѓурелигиски судири продолжи на традиционалниот Вевчански карневал, спортските терени станаа арена за скандирање „Добар Албанец – мртов Албанец“, а автобусите кои често превезуваа ученици повеќе не беа безбедни поради насилствата врз етничка основа.

Fatlume Dervisahi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button