МАКЕДОНИЈА

Заседава Главниот штаб при ЦУК

Заседава Главниот штаб при Центарот за управување со кризи со цел да се договорат активности кои треба да бидат спроведени во текот на утрешниот ден, каде е најкртично доколку избувнат нови пожари, изјави на попладневната прес-конференција помошник-раководителот на ЦУК Марија Милкова.

– Ќе се донесат мерки и активности со препораки за утрешното дејствување на ресурсите на локално ниво, додаде Милкова.

Таа информираше дека во 15:30 часот е избувнат нов пожар во светиноколско  кај Богословски рид. Појасни дека пожарот е активен и оти на терен има припадници од противпожарните единици на Свети Николе и околните градови.

Исто така, нов пожар има во Крушево во село Светомирани, каде е запалено ѓубриште. Милкова наведе дека пожарот делумно е локализиран, меѓутоа се држи под контрола.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button