ЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Засега во земјава има само еден случај на омикрон

Министерот за здравство Венко Филипче денеска посочи дека засега во земјава има само еден случај на инфициран со омикрон сојот на Ковид-19, а епидемиолошката состојба останува стабилна. Дополнителна анализа, како што рече, ќе се направи во текот на следната недела.

– Засега е само тој еден случај на омикрон. Имајќи предвид дека е случај кој што доаѓа од странство, мислам дека треба да се направи дополнителна анализа во текот на следната недела. Сепак, тоа што е присутен во регионот може да значи дека е заради честите комуникации и патувања на нашите граѓани во соседните земји, изјави Филипче.

Министерот напомена дека и натаму е прилично стабилна епидемиолошката состојба. Како што рече, нема зголемување на бројот на новодијагностицирани случаи, а болниците и натаму работат без притисок од зголемен наплив на пациенти.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button