ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Засолнетите во домовите за стари лица изразуваат полни емоции за членовите на семејството кои не им се блиску

Засолнетите во домовите за стари лица изразуваат полни емоции за членовите на семејството кои не им се блиску

„Се наоѓаме во дворот на домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово. Дојдовме да поразговараме со постарите и да видиме како го поминуваат денот овде, дали се задоволни од грижата што ја добиваат, дали се носталгични што не живеат со нивните семејства и животната порака што би ја дале за младите“, Еви Шкопи, новинарка.

Стојан Трајчев, некогаш наставник, пред 9 месеци се преселил во оваа институција. Се растажи додека ни зборуваше за своите деца кои се во странство. Тој вели дека младите заминуваат за подобра иднина, а постарите остануваат без семејства покрај себе.

За разлика од него, оваа баба вели дека нејзина била одлуката да замине од дома.

Иако се стари, сепак сакаат да работат. Оваа 86-годишна жена цел живот се занимавала со земјоделство и вели дека кога би можела да го врати времето, повторно би дала приоритет на работата.

Таа вели дека кога децата ја посетуваат ја чувствува топлината на сонцето, и е задоволна од негувателките во установата.

Претходно имаа повеќе активности и посетители, но од почетокот на пандемијата посетите се редуцирани.

Еден од нив беше дури и нервозен и ни постави прашање на кое не можевме да одговориме./Alsat.mk

Еви Шкопи

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button