МАКЕДОНИЈА

Затворен објект во Куманово заради непочитување на работното време

Полициски службеници од СВР Куманово, по претходно добиени сознанија, синоќа во 21.50 часот извршиле контрола во објект за компјутерски игри, при што таму биле затекнати 13 лица.

Како што информира МВР, контролата била извршена во објект на кумановската улица „Владимир Назор“, сопственост на Р.И. (23) од Куманово.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, се наведува во соопштението на МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button