ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Затворени три угостителски објекти и јога-студио! Инспекциите синоќа со полни раце работа во Скопје

Инспекциите во Скопје вчера затвориле четири објекти – три се угостителски кои работеле по 21 часот, а интервенирано е и во јога-студио каде што казната не е за пречекорување на работното време, туку за групирање повеќе луѓе на едно место.

– Инспекциите синоќа, посебно од одделението во Скопје, имаа полни раце работа. Трите  угосителски објекти се фатени дека работат во  23, 23.30 и 24 часот, а  кај еден имаме и кинење пломба пред да му истече рокот за затворено и отворил повторно.  Тоа е објект во Чаир, кој повторно е затворен, направен е записник и поднесена е кривична пријава за кинење службен печат од институција, рече Стојко  Пауновски, директор на Државниот пазарен инспекторат на прес-конференција на Инспекцискиот совет.

Во  локалот „Мош“, кој бил отворен иако привремено запечатен, интервенирала и полицијата. Сè што таму затекнале инспекторите, посочи Пауновски, е заведено во записникот, а за навредите што им биле упатени, рече, инспекторите се веќе навикнати.

-Меѓутоа, треба да им служи на чест на оние коишто ги организираат и се сопственици на тие угостителски објекти. Во записниците стои дека работеле и во 23 часот, заедно со полицијата е правена контролата. Истиот субјект е казнет и по претходниот закон кога поднесувавме кривични пријави и беше затворен. Ова е по новиот закон, и во зависност од големи, мали или средни претпријатија, казните се од 3.000 до 30.000 евра и плус 1.500 евра за физичкото лице. Во рок од три дена сега казните ги доставува директно ДПИ преку платни налози, а објектот ќе биде затворен од 10 до 30 дена, додаде директорот на Пазарниот инспекторат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button