СПОРТФУДБАЛ

Завршенo e со презентирањето на доказите во случајот против Ман. Сити

Завршени се сослушувањата и презентирањето на доказите во случајот на Премиер Лигата против Манчестер Сити, објавија англиските медиуми. Сега треба советот составен од тројца судии да донесе конечна одлука за обвиненијата по 115 точки за кршење на финансиските правила. Завршните зборови на двете страни беа презентирани во петокот во Лондон, во Центарот за разрешување спорови. Ова го означи крајот на рочиштата кои почнаа на 16 септември.

Манчестер Сити е обвинет за 115 прекршувања на финансиските правила, но и за одбивање да соработува во текот на самата истрага. Од своја страна, Манчестер Сити ги негира сите неправилности. Ако тричлениот судски совет одлучи дека Премиер лигата е во право, Сити се соочува со казни кои може да бидат финансиски, одземање на бодови или исфрлање од Премиер лигата. Во историјата на англискиот фудбал немало ваков случај и прашање е каква ќе биде вистинската казна, доколку ја има.

Со оглед на количината на доказниот материјал, се очекува советот да не си дава рокови за донесување одлука, а завршувањето на целиот случај би можело да потрае неколку месеци. Чекањето продолжува, сите се свесни колку одлуката во овој случај може да влијае на Премиер лигата и воопшто на англискиот фудбал.

Во меѓувреме, Сити забележа мини-победа по пресудата која ги потврди неусогласеноста во правилата на Премиер лигата со законите на Обединетото Кралство (иако Премиер лигата исто така го прогласи случајот за победа), но и пораз – мнозинството клубови од Премиер лигата гласаа за промена на правилата за трансакции меѓу поврзаните страни.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button