ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заврши драмата кај Мавровка, лицето коешто се закануваше дека ќе скокне од тераса спроведено во полиција

По неколку часови заврши драмата пред зградата во близина на трговскиот центар Мавровка. Лицето коешто се закануваше да скокне од седмиот кат, од тераса, е разубедено и обезбедено од страна на полицијата, по што е внесено во полициско возило.

Просторот околу зградата и влезот во паркиралиштата неколку часа беше затворено за возила и за минувачи. На теренот, покрај полициски екипи имаше и противпожарни и амбулантни возила.

Мотивите за обидот за самоубиство засега се непознати.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button