ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Заврши учебната година, полна со предизвици

Околу 255 илјади основци и средношколци ја завршија учебната година која ја карактеризираа бројни предизвици, протести и бојкот на наставата. Второто полугодие започна со 10 дена доцнење поради состојбата со Ковид 19. Во април беа изгубени и 12 работни дена поради штрајкот на наставниците во училиштата и градинките. Сепак, учениците се чувствуваат среќни што се ослободени од училишните обврски. Алсат беше со учениците од трето одделение од ОУ „Васил Главинов“ кои во наредната учебна година ќе учат со дигитални книги како дел од новите реформи во наставата.

„Сакам да учам со дигитални книги, но и со хартиени книги бидејќи кога немаме интернет не можам да учам,, рече една ученичка.

„Со хартиените книги ни е полесно и можеме побрзо да учиме, кажа меѓу другото рече една ученичка.

Исто така, учениците и наставниците велат дека е реализирана целата наставна програма и покрај тоа што беше прекинат поради штрајкот во образованието и градинките.

„Поради штрајкот бевме дома неколку дена, но повторно со учителката успеавме да ги научиме сите лекции, рече една ученичка.

„Наставниот процес е реализиран со сите наставни единици, се обидовме да ги организираме сите наставни единици и верувам дека беше успешна година. Завршувам трето одделение, бевме со обични книги. Четврто одделение сме со концепт и ќе треба да работиме со дигитални книги. Дигитализацијата е во ред, но верувам дека кога ќе ја имаат книгата пред себе, ќе им биде уште полесно да го организираат часот, да научат учениците и се останато“, рече учителката Луле Мјаку.

Министерот за образование Јетон Шаќири рече дека до 1 септември сите училишта ќе бидат снабдени со нови учебници во зависност од бројот што претходно го доставиле до педагошките служби на образованието.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button