ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Завршни зборови за „Монструм“; Фетаи: Нема докази за поврзаност на Вељаноски со случајот

Повторното судење за „Монструм“ влезе во својата завршница, а обвинителката Фатиме Фетаи која како дел од поранешното СЈО го презеде случајот со своите колеги, денеска во Основниот кривичен суд ги започна завршните зборови.

Уште на почетокот, таа рече дека мора да го расчисти патот и да ги побие разните теории кои ги наметнувала одбраната и кои се појавуваа во разни медиуми во врска со петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012.

Фетаи во својот завршен збор за случајот „Монструм“; меѓу другото, потврди дека четирите момчињата и рибарот се убиени кај Смилковското Езеро.

Со ова таа ја отфрли шпекулацијата дека наводно биле убиени на друга локација, па потоа биле донесени кај езерото.

-Според науката и според објективните докази најдени на местото на настанот, сѐ укажува дека петкратното убиство се случило на местото каде што беа и пронајдени телата, се останато е научна фантастика – истакна обвинителката Фетаи.

Таа ја отфрли и шпекулацијата, која кружеше во јавноста, дека наводно жртвите се познавале со синот и ќерката на Трајко Велјановски.

-Се шпекулираше дека имале честа дружба, и дека поради тоа биле ликвидирани. До овој момент ниту беше предложен доказ, но ниту имаше индиции дека децата се познавале со деца на функционери, и дека наводно имале нерасчистени сметки, поради кои наводно биле лишени од живот, истакна Фетаи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button