ВЕСТИЗАБАВА

Зборови кои можат да ја уништат врската

Некои коментари изговорени во афект можат брзо да отидат во заборав, но некои зборови можат да и нанесат непоправлива штета на врската.

Затоа е важно дури и во најголем налет на бес да се сочува разумот и внимателно да се одбираат зборови.

Еве што никако не смеете да му кажете на партнерот:

# Не ти верувам…тоа најчесто се зборови кои ги кажуваат дами кои се сомничави, а можат многу да го заболат вашиот партнер, особено ако тој е целосно искрен.
Немојте да го избркате добриот човек од вашиот живот само затоа што сте параноични.

# Сите мажи се исти…да бидеме на чисто, не се сите мажи исти. Ако некој ви го скршил срцето, не значи дека не постои човек кој ќе ве сака повеќе од се.
Но, ако му го кажете тоа на човекот кој би направил се за вас, можете на крај да останете сама.

# Мојот поранешен тоа никогаш не би го направил…споредувањето на сегашниот партнер со поранешниот води само кон прекин на врската.

Пред да ја изговорите оваа забелешка, сетете се дека има причина поради која раскинавте со поранешното момче, па затоа не заборавајте дека тој е далеку од совршен.
Прифатете го човекот со кој сте во врска таков каков што е, а не каков би можел да биде.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button