ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Зелената еко-агенда црнее преку 950.000 тони јаглен за РЕК Битола и Осломеј

Државните електрани на два тендери ќе набавуваат вкупно 950 илјади тони јаглен. Според информациите, поголемото количество, односно 600 илјади тони ќе бидат резервирани за најголемиот енергетски производствен капацитет во Македонија, РЕК Битола. Останатите 350 илјади треба да завршат во печките во РЕК Осломеј. Надлежните уверуваат дека по 50 илјади тони ќе бидат испорачувани секој месец во битолската електрана.

Директорот на ЕСМ Васко Ковачевски соопшти дека во моментов струја не се увезува, но континуирано, државната фирма купува јаглен и мазут за производство на струја. Според надлежните, самиот план за производство на електрична енергија за годинава е проектиран за 20 отсто повеќе од лани. Во него се наведува дека ќе се зголеми ископот на јаглен и ќе се зголеми количеството на увоз на овој енергенс за што поголемо производство во Битола и во Осломеј.

„Досега се набавени 550 илјади тони јаглен за РЕК Битола, а во тек е отворена набавка за уште 600 илјади тони за наредниот период за РЕК Битола“, рече Ковачевски.

Пред неколку дена од Косово стаса информација дека тамошната државна компанија КЕК, ќе распише тендер за продажба на јаглен, а веќе интерес имале пројавено токму Државните електрани на Македонија.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button