ВЕСТИСВЕТ

Зеленски: До 100 украински војници гинат секој ден во борбите на истокот на земјата

Зеленски: До 100 украински војници гинат секој ден во борбите на истокот на земјата

Володимир Зеленски објави дека Украина губи до 100 војници секој ден во борбите на истокот на земјата. Зборувајќи на прес-конференцијата, Зеленски рече дека секој ден умираат од 50 до 100 војници.

Се наведува дека најтешките битки деновиве се водат околу градовите Сиверодонецк и Лисичанска. Како што рече гувернерот на Луганск, Сергеј Гајдаи, Русија користи тактика на изгорена земја. Тој истакна дека Сиверодонецк бил нападнат од четири различни правци, но дека Русите не успеале да влезат во градот.

Дописникот на Гардијан, Ема Греам Томпсон, напиша на Твитер дека Украина не била премногу транспарентна кога станува збор за сопствените воени жртви. Најавата на Зеленски дека во изминатиот месец се убиени околу 3.000 Украинци, рече таа, доволно говори за бруталните борби на истокот на земјата, пренесуваат медиумите./Makfax

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button