ВЕСТИСВЕТ

Зеленски го покани Шолц да ја посети Украина на 9 мај

Тој, исто така, упати покана до Шолц откако односите меѓу Германија и Украина се влошија кога германскиот претседател беше спречен да го посети Киев во април.

„Тој е поканет, поканата е на маса веќе некое време. Тој е поканет да дојде во Украина, може да го направи тој многу силен политички чекор да дојде овде на 9 мај, во Киев. Нема да ја објаснувам важноста на тоа, мислам дека сте доволно образовани за да разберете зошто“, рече Зеленски за време на видео повикот.

Денот на победата , 9 мај е еден од најважните национални настани во Русија, кој ја одбележува советската жртва во победата над нацистичка Германија во Големата патриотска војна, како што Русија го нарекува источното бојно поле од Втората светска војна.

Зеленски рече дека во Мариупол, стратешко јужно пристаниште на Азовското Море, ситуацијата прераснала во „мачење“ и дека преговорите со Русија нема да бидат можни доколку таму бидат убиени цивили и војници во ситуации кога би можеле да бидат евакуирани.

Мариупол ја издржа најразорната опсада во руската инвазија на Украина, а фабриката за челик „Азовстал“, изградена за време на советската ера, е последниот дел од градот во кој се уште се стационирани украинските борци.

„(Русите) не веруваат дека можат да бидат обвинети за воени злосторства бидејќи имаат моќ на нуклеарна држава. Ова е 72-ри ден од целосна војна, чиј крај не го гледаме и не чувствуваме подготвеност на руската страна да стави крај“, рече Зеленски, пренесе „Индекс.хр“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button