СВЕТ

Зеленски го предупреди светот!

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска посочи дека неговата земја ќе победи во војната што ја започна Русија. Тој им се обрати на делегатите преку видео врска на самитот Шангри-Ла што се одржува во Сингапур.

Зеленски нагласи дека неговата земја не е во можност да извезува доволно храна поради руската блокада, а светот ќе се соочи со сериозна криза во снабдувањето со храна и глад, пренесува Ројтерс. Тој им се заблагодари на сите земји од Европа и Азија кои досега испратија помош за Украина и апелираше да продолжат да го прават тоа, бидејќи тоа е клучот за одбрана од руските сили.

Благодарен сум за вашата поддршка, но оваа поддршка не е само за Украина, туку и за вас. Идните светски правила се одредуваат на бојното поле во Украина – рече Зеленски.

Зеленски директно ги поврза руските акции со растот на цените на суровините, велејќи дека Москва прво ја блокираше енергијата за да ги зголеми цените, а сега го прави истото со храната.

Доколку продолжат руските блокади на нашиот извоз на храна, целиот свет ќе се соочи со сериозна криза во снабдувањето со храна и ќе има големи глад во многу земји во Азија и Африка – рече тој.

Претседателот на Украина се обрати пред 575 делегати од 40 земји и рече дека неговата земја нема амбиции да влезе на руска територија.

Ве молиме имајте на ум дека војната се одвива на наша територија. Луѓето во Украина умираат. Ние не сакаме да одиме на руска територија – додаде тој.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button