ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Земјава ги добива првите 110 милиони евра од вкупно одобрените средства од ММФ

Земјава ги добива првите 110 милиони евра од вкупно одобрените 530 милиони евра од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), информира министерот за финансии Фатмир Бесими.

Средствата, како што додава тој, стануваат достапни откако Одборот на директори на ММФ ја одобри двегодишната програма на Северна Македонија во рамки на Инструментот за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ).

„Политиките што ги спроведуваме овозможија пристап на земјата до овој Инструмент, што овозможува обезбедување средства по многу поповолни услови од она што е актуелно на финансиските пазари. Тоа значи обезбедени се средствата за политиките планирани со ребалансот на Буџетот до крајот на оваа година, средства за справување со шокот кој доаѓа од надвор, средства за поддршка на граѓаните и компаниите, а пред се најважно е да обезбедиме стабилност во снабдувањето со храна и енергенси“, вели Бесими.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button