ВЕСТИСВЕТ

Земјоделци со стотици трактори на протест во Париз против забраната за примена на пестициди

Француските земјоделци денеска влегоа со стотици трактори во Париз за да протестираат против забраната за примена на пестициди и другите еколошки прописи за кои предупредуваат дека го загрозуваат земјоделското производство во најголемата земјоделска сила во Европската унија.

Акцијата следи по одлуката на судот на ЕУ минатиот месец со која се поништи француската политика која им дозволуваше на одгледувачите на шеќерна репка да го користат забранетиот инсектицид. Тоа предизвика загриженост кај одгледувачите на шеќерна репка поради дополнителното намалување на земјоделските култури и затворање на фабриките за шеќер.

„Овие повторени забрани и неактивноста на Владата во поддржувањето на многу сектори (цреши, јаболка, цикорија, компиров скроб и други) го осудуваат земјоделското производство“, соопштија најголемиот француски земјоделски синдикат ФНСЕА, синдикатот на шеќерна репка ЦГБ и група млади фармери.

Тие предупредија дека увозот на земјоделски култури, кои не подлежат на слични ограничувања за употреба на пестициди, ќе ги загрози француските работни места.

Еколошките активисти велат дека остатоците од пестициди им штетат на почвата и на животинскиот свет.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button