Земјоделците за да ги избегнат горештините работат од 3, најдоцна до 7 изутрина
Високите температури ги принудија земјоделците да го прилагодат работното време. Ако пред тоа работеа од 07:00 часот, сега работат од 03:00 до 07:00 часот, на овој начин на организирање на распоредот за работа велат дека ги избегнуваат горештините.
Го сретнавме Милазим Алили продавач на лубеници. За да стигне до овој земјоделски производ на пазарот, Милазим морал ноќта да ја претвори во ден.
„Сега не фати жештината, температурите се скоро 50 степени, робата се расипува на нива, излегуваме овде и продаваме или не продаваме, не се знае, работиме на отворено, ако дојде некој да купи, добро ако не, што да правиме. Колку часот одите на нива? Одиме во 4 или 5 часот наутро и до 7 или 8 бегаме бидејќи високите температури, град порано, сега жештините, не можеме да ги покријеме трошоците“, вели Милазим.
За да се надминат високите температури земјоделците различно го организираат работното време. Работат од 3 или 4 часот наутро до 7 часот наутро.
Ако пред неколку недели земјоделците имаа големи штети од град и пороен дожд, сега дополнителен проблем за нив се горештините, што според нив сето тоа ќе се одрази на зголемувањето на цените на пазарот.
Авни Тахири