ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Земјотрес со епицентар во Грција почувствуван во земјава

Земјотрес со епицентар во соседна Грција синоќа во 23:31 часот е почувствуван во земјава.  Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утрово соопшти дека земјотресот е почувствуван во Битола, Ресен, Охрид и Струга со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала и со интензитет од три степени во останатите делови од државата.

Епицентарот на земјотресот бил на 170 километри јужно од Скопје со Рихтерова магнитуда од 4,7 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button