Зголемен бројот на повици на итната помош
Зголемен бројот на повици на итната помош

По улиците на главниот град се почесто се слушаат возила на брзата помош.
Изминативе денови зголемен е бројот на повици на бројот 194.
Грипот, загадениот воздух, несреќите и психичките пореметувања се главните причини кои придонесоа за зголемување на обемот на работа на екипите за итни случаи.
“Од почетокот на неделава значително е зголемен бројот на повици до итната помош, а зголемени се и нашите интервенции. Со оглед на тоа дека алармантната состојба со грипот е активна, загадениот воздух…за жал, од понеделник до денес се забележани се и бројни несреќи. Како што гледате, сега ме известија дека доаѓа екипа за лице кое се жали на стегање во градите, ваквите интервенции се чести деновиве, бидејќи загадениот воздух, сезонскиот грип и хроничните болести кои ги имаат ја отежнуваат состојбата”, изјави Рихад Реџепи, лекар за итна помош.
За зголемување на бројот на повици за психички нарушувања придонесе и загадениот воздух. Лекарите велат дека секоја недела се зголемува бројот на граѓани со анксиозност и депресија, додека и кај лицата на кои веќе им е дијагностицирана некакво ментално нарушување, се забележува влошување на состојбата.
Петиапин за смирување, нели?
Дали сте нервозни за нешто? Премногу викате, може ли да се смириш. Кажи ми од кога не можеш да дишеш,
-Неколку часа, колку?
-15 минути, каде живееш?
Доктор Рихад Реџепи нагласува дека со зголемувањето на обемот на работа и недостигот на персонал и возила, тешкотиите ги покриваат сите случаи.
„Секогаш ни недостасува нешто, на пример, имаме лекар, недостасува медицинска сестра, доаѓа медицинска сестра, недостасува возач или ја имаме целата екипа, но недостасуваат автомобилите. Одамна не сме комплетни. Со оглед на тоа што градот Скопје има многубројна популација, потребни се минимум 10 екипи за да се справат со оваа сериозна ситуација. Во моментов работиме со 6 екипи во текот на денот и 5 екипи во текот на ноќта“, рече Рихад Реџепи, лекар за итна помош.
Тој ги повикува граѓаните правично да го остварат своето право да се јават на итна помош за да им се даде простор на случаите кои навистина треба навремено да ја добијат оваа услуга. /Алсат.мк
Ајнур Бафќари