ЗДРАВСТВО

Зголемен интересот за вакцинирање во тетовскиот регион

Големиот интерес на жителите на Тетово за вакцинирање предизвика хаос и долги редици пред пунктот за вакцинација. Граѓаните анкетирани од Алсат велат дека чекале и по два часа.

„Во 10.35 часот закажав термин, сега времето е 11.54 часот, чекав скоро час и половина. Ни кажаа дека нешто се случило со системот“.

„Имав закажано термин во 8.45 часот, доцнат бидејќи сега времето е 10.30 – 11. Не знам зошто доцнат, има причини, од разни проблеми. „Имале проблеми со системот велат“, рекоа граѓаните.

Властите потврдија дека имале проблем со електронскиот систем „Мој термин“. Од Здравствениот дом во Тетово, дел од вината ја префрлуваат и на граѓаните кои велат дека доаѓаат пред терминот.

‘Има над 1500 вакцинирани и денес чекаат за ревакцинација. Граѓаните треба да држат ред плус оние кои имаат закажано термин доѓаат во 6 или 7. Доаѓаат рано наутро и тоа е една од главните причини за хаосот. 5 до 10 минути системот беше блокиран, не повеќе”, рече Дрита Зибери, главна сестра во Здравствениот дом во Тетово.

За еден ден во Тетово и околните села се вакцинираат по 2 илјади граѓани. Поради зголемениот интерес за вакцинација, локалните здравствени власти најавија дека од понеделник ќе се спроведува вакцинација и ревакцинација во спортската сала на Средното медицинско училиште.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button