ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Зголемениот интерес за вакцинација во Тетово, создаде метеж пред пунктовите

Затворен е најголемиот пункт за вакцинација во Тетово, додека имунизацијата продолжува во другите три пункта, и тоа во селото Порој, во Домот на културата и Градскиот музеј. Во центрите за вакцинација повторно има висок интерес за вакцинација. Поради чекање, граѓаните стануваа се понервозни.

„Воопшто нема ред, во 9:30 требаше да биде, сега е десет часот. Сестрата доаѓа од внатре, го зема човекот и тој влегува, без ред. Тука има такви што чекаат од седум часот, таа доаѓа и влегува без ред. Полицијата го прави истото“…

„Знаеме веќе, го имаме тоа в предвид, во нашата земја е така, нема ред, ќе успееме, немаме избор“…

“Чекам половина час, но системот доцни и условите се исти, ниту тие, ниту ние не сме виновни”, рекоа присутните.

Лекарите за чекањето вината ја префрлуваат кај компјутерскиот систем, кој често паѓа, но и непочитувањето на распоредот од страна на граѓаните.

“Треба да се наведе непочитувањето на однапред поставените термини. Граѓани се собираат без да го почитуваат терминот, сите се собираат да завршат работа и како што можете да видите, се собираат околу 30-50 граѓани, без да се почитува времето на втората доза. Честопати имаме проблеми и со централниот систем. Неколку пати системот паѓа во текот на денот, но иако техничарите се обидуваат да го поправат, кога е централен проблемот во Скопје, тогаш имаме побавен процес“, рече Бесник Мустафаи- доктор.

Во меѓувреме, ситуацијата во тетовската болница е помирна отколку пред една недела. Од 91 хоспитализирани пациенти, 90 од нив се на кислородна терапија. Во последните 24 часа, 6 пациенти починале во тетовската болница.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button