ВЕСТИЗДРАВСТВО

Зголеми бројот на вакцинирани лица на возраст од 20 до 30 години

Честите зарази на младите луѓе со сојот Делта од вирусот Корона значително го зголемија нивниот интерес да се вакцинираат, велат лекарите. Од пунктот за вакцинација во поликлиниката Чаир, нагласуваат дека речиси сите граѓани кои се вакцинирани со првата доза во последните недели се млади на возраст од 20 до 30 години. Според лекарите, покрај стравот од инфекција, ограничувањата значително влијаеле младите да се вакцинираат.

„Поради новиот тип на вирусот, кој почна повеќе да ги заразува младите луѓе, интересот на младите почна да се зголемува. Но, исто така, и поради ограничувањата, повеќето доаѓаат затоа што сакаат заштита. Кај младите возрасти најголем интерес има за вакцината Фајзер, како и за Синовак. Околу 1000 дози се даваат дневно за време на двете смени, од 10 до 20% од нив се за првата доза“, рече Харкан Мемеди, лекар во поликлиниката Чаир.

Истата ситуација е и во поликлиниката Букурешт во Скопје. Од овој пункт велат дека секојдневно со првата доза вакцинираат до 400 граѓани, главно на возраст од 20-30 години. Додека вакцинацијата на деца на возраст од 12-18 години е задоволителна.

Досега вакцинирани се околу 630.000 граѓани со две дози низ целата земја. За ефикасноста на вакцините, Министерството за здравство последно објави нова студија на Центарот за превенција и контрола на болести во САД, која по анализата покажа дека невакцинираните луѓе се 10 пати повеќе изложени на ризик од инфекција отколку оние кои се вакцинирани, додека шансите за смрт кај невакцинираните лица се 11 пати поголеми. Студијата беше спроведена во период од повеќе од 3 месеци, додека хоспитализираните лица беа анкетирани и биле анализирани смртните случаи.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button