ВЕСТИЗДРАВСТВО

Зголемување на непотребната употреба на антибиотици

Зголемувањето на бројот на деца погодени од разни респираторни заболувања во последните недели доведе до прекумерна употреба на антибиотици. Лекарите велат дека се соочуваат со голем притисок од родителите кои бараат да им бидат препишани антибиотици, со образложение дека децата побрзо закрепнуваат,.

„Има случаи кога мајките инсистираат да им препишеме антибиотици на децата со образложение дека ќе им помине побрзо. Имаме многу случаи кога се соочуваме со овие проблеми и тешко можеме да ги убедиме родителите да бидат трпеливи барем 3 дена и да не даваат антибиотици бидејќи третиот ден повторно правиме контрола на пациентот и одлучуваме дали треба или не антибиотик. Во повеќето случаи имаме притисок, но успеваме да се договориме да ги убедиме дека антибиотикот не треба да се дава во првите денови. Во аптеките сега се прават почести контроли бидејќи се злоупотребувало давање антибиотици без рецепт“, рече Сефјане Белчишта, докторка

Од Комората на фармацевти предупредуваат на несаканите ефекти од прекумерната и непотребната употреба на антибиотиците.

Според студијата спроведена од СЗО, повеќе од половина од сите лекови, вклучувајќи ги и антибиотиците, се даваат или продаваат несоодветно. Половина од пациентите несоодветно користат антибиотици. Во Северна Македонија неколкупати се предупредуваше за прекумерна и непотребна употреба на антибиотици.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button