СПОРТФУДБАЛ

Ждрепката за осмина-финалето во Лигата на Шампионите

Денеска напладне во Нион ќе се одржи ждрепката за осмина-финалето во Лигата на шампионите на УЕФА. Осум од 16 екипи доаѓаат од Англија и Германија, три од Италија, две од Португалија и по една од Франција, Белгија и Шпанија, што е најголемото изненадување, бидејќи Ла Лига ја претставува само бранителот на титулата Реал Мадрид. Според правилата во осмина-финалето не можат да играат екипи од иста земја и екипи кои биле во иста група.

Носители на ждрепката ќе бидат: Наполи, Порто, Баерн, Тотенхем, Челзи, Реал Мадрид, Манчестер сити и Бенфика.

Во вториот шешир ќе бидат: Ливерпул, Клуб Бриж, Интер, Ајнтрахт Франкфурт, Милан, Лајпциг, Дортмунд и Пари Сен Жермен.

Првите осмина-финални натпревари се на 14, 15, 21 и 22 февруари следната година, додека реваншите се на 7, 8, 14 и 15 март./Makfax/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button