Жена смртно прегазена на тротоар во Охрид

Страотна сообраќајна несреќа се случи доцна синоќа кога жена на 44 години беше смртно прегазена на тротоар во Охрид, додека 52 годишниот маж кој бил со неа, се здоби со тешки телесни повреди. Несреќата се случила кога автомобил Фолсфаген голф, управуван од 22 годишник И.С од селото Пашино Рувци, прилепско, со престој во Охрид, движејќи се со огромна брзина, откако изгубил контрола, најпрво удрил во метален столб, а потоа и во двајцата пешаци, кои се движеле по тротоарот, долж булеварот Туристичка.
„Една жена на 44 годишна возраст беше донесена во тешка коматозна состојба,при прием со проширени зеници, срцев застој,и без сопствено дишење. Од дежурните колеги веднаш беше пристапено со срцево белодробно оживување, во неколку наврати реанимациоја за жал без успех.Донесени се и други лица кај кои се констатирани полесни повреди но без влијание на нивната здравствена состојба“, рече Хари Шокароски, директор на болница Свети Еразмо.
Од СВР Охрид велат дека во возилото со охридски регистарски таблици, бил и 19 годишниот К.М, како сопатник, а возачот кој го управувал автомобилот немал возачка дозвола и извесно е дека ќе добие мерка притвор.
„Денеска СВР Охрид по наредба на Јавен обвинител го лиши од слобода 22 годишниот возач на патничкиот автомобил фосфаген и во текот на денешниот ден против него ќе биде поднесена кривична пријава согласно членот 300 од кривичниот закон, тешки дела во безбедноста против имотот и луѓето во сообрќајот“, изјави Стефан Димовски-портарол на СВР Охрид.
Граѓаните велат дека повеќе не се чуствуваат безбедни ниту кога се движат по тротоарите.
„Слушнавме дека имало ноќеска некое време незгода. Тоа е она што не се почитуваат сообраќајните знаци, а пешаците не се пропуштаат секогаш. Некој застанува, а некој не.Некои возат брзо возат.Тоа значи дека и одењето по тротоар станува небезбедно. Не е баш толку безбедно, сака повеќе внимавање, а пешаците не се многу заштитени. Сам треба да се пазиш“, реагираат граѓаните.
„Во ова време никој не е безбеден.Време е на такво живеење, мора да се помириме со тие работи. Тоа значи дека и движењето по тротар станува несигурно? И по тротоар. Еден собра на тротоар на улицата Јане Сандански пет-шест луѓе“, вели еден граѓанин на Охрид.
Местото каде што се случи сообраќајната несреќа е доста фрекфентна,а во непосредна близина се наоѓаат и две основни училишта.
Мики Трајковски