ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Жители од селото Седларце и денеска го блокираа наплатниот пункт во Тетово

Жителите од тетовското село Седларце не се откажуваат од барањето да бидат ослободени од плаќање за користење на автопатот. Ја блокираа патарината во Тетово во насока кон Гостивар.

„Бараме да бидеме изземени од автопатот за Седлаце. Плаќаме 30 денари за три километри. Никој не нè прима. Кој ќе нè пречека? Оние кои седат во фотелји? Ова е срамота за нашите партии.“

„Побаравме да најдеме некакво решение, да плаќаме онолку колку што возиме, да ни дадат картички или да ни се направи спореден пат. Три пати ова го баравме до управата за патишта, но не ни дадоа никаков одговор. Ќе продолжиме со протести уште посилно“, реагираат жителите.

Од „Македонија Пат“ не ни одговорија дали ги разгледале ваквите барања. Во меѓувреме жителите најавуваат нови протести за следниот петок.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button