ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Жителите на полошкиот регион бараат зголемени контроли на полицијата

На улиците на Тетово и Гостивар, минатата година се случиле 617 несреќи, кои биле смртоносни за 8 лица, додека 34 други лица, завршиле со сериозни повреди. Според жителите, последниот случај, во кој шестгодишно дете почина е уште една потврда  дека патиштата се небезбедни и се опасност за пешаците. Тие бараат властите да ги зголемат полициските контроли.

„Воопшто не се безбедни, се вози брзо, без контрола, без дозвола, што се нема тука.  „Имаше крави и коњи на автопатот, што се не излегува“.

“Воопшто нема безбедност, особено во зима, има мразови и владее голем сообраќаен хаос.”

„Ќе има повеќе  потреба од полициските патроли“. „И Општината треба да биде повнимателна, но не, никој не гледа ништо“

Од Секторот за внатрешни работи Тетово велат дека повеќе несреќи се случуваат во населените места, додека претежно главна причина е брзото возење“.

„Главната причина за несреќите е несоодветната брзина на условите на патот.Можеме да споменеме неодамна уште еден феномен како што е излегување на животни во лентите на автопатот Тетово Скопје Гостивар или излезот на кучиња на улица“, рече Фатмир Реџепи Портпарол на СПБ Тетово.

Сообраќајните експерти проценуваат дека покрај брзото возење, причина за многу несреќи е и недостатокот на полициски контроли, но  и зголемениот број на автомобили наспроти инфраструктурата што не е менувана со години.

„Режимот се одредува со вертикални и хоризонтални знаци. Сега, според извештајот прикажан од надлежните органи, може да се забележи дека има повеќе несреќи во населените места и тоа се должи на непочитување на сообраќајните правила и стандарди, но исто така има и зголемување на степенот на моторизација, а степенот на инфраструктура останува многу низок во таа насока“, изјави Сулејман Рахими. експерт за сообраќај.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button