ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Жителите на Желино снемаа вода за пиење

Селото Желино веќе четири дена е без вода за пиење. Водата доаѓа еден или два часа, но таа е неупотреблива бидејќи не е чиста за пиење. Од општината велат дека има дефект на главната пумпа која го снабдува селото. Ветуваат дека за два дена таа повторно ќе биде ставена во функција.

„Дефектот настана во главните пумпи на селото и непрекинато работиме на негово санирање. Ние од наша страна работевме и за време на викендот, но проблемот беше кај фирмата која беше ангажирана за овој проблем. Тие не работеа во сабота и недела бидејќи беа ангажирани од специјализирани фирми за пумпна електроника. Имаше пукнатина на цевката и просторот се наполни со вода оштетувајќи ја електрониката, па чекаме да дојде институција од Скопје за да го санира дефектот. Веруваме дека денеска или утре проблемот ќе се реши“, рече Суад Алили, Јавно комунално претпријатие, Желино.

Реагираше и огранокот на Алијанса за Албанците во Желино. Обвинија дека раководителите на локалната власт не се способни да управуваат со јавното претпријатие.

„Објаснувањето на општинските власти делува банално и чудно. Проблемот не е од денес, ниту од пред три дена, туку се повторува секој месец. Имаме многу сомнежи за главната причина за проблемот и тие доведуваат до недостаток на менаџерски способности на градоначалникот и неговиот тим. Како резултат на тоа општината е втурната во долгови и ја направија нефункционална. Го повикуваме првиот човек на општината и неговиот тим итно да најдат трајно решение за еден средновековен проблем кој ни се случува во 21 век“, рече Денис Алити. Алијанса за Албанците.

Инаку, Желино со вода за пиење се снабдува од селската акумулација, но поради нискиот притисок мора да се употребува систем со пумпи.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button