ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Животниот стандард во земјава поскапува, платите „замрзнати“

На четиричлено семејство му се потребни 34.342 денари за да го помине месецот со најосновните работи за живеење. Според податоците на Сојузот на синдикати, потрошувачката кошница во август се зголемила за 214 денари. Во август се вклучени и трошоците што ги прават семејствата за подготовка на нивните деца за училиште. Ако четиричлено семејство има едно дете на училиште, тогаш ќе им требаат плус 8 илјади денари, со што минималната потрошувачка кошница би достигнала над 42.000 денари.

Според обработените податоци, домаќинствата најмногу пари трошат за храна и пијалоци; 14.600 денари, а скоро 11.000 денари за сметки. Се трошат 2.300 денари за лична хигиена, а околу 2.500 денари за превоз. За културни активности одвојуваат само околу 1.000 денари, а 736 денари за здравје.

Анализата на Сојузот на Синдикати покажува дека трошоците за живот постојано се зголемуваат, а платите остануваат исти. Според податоците објавени од Државниот завод за статистика, најголем пораст е забележан кај храната и пијалоците за 1,5 проценти, а зеленчукот поскапувањето било 15,8 проценти.

Сојузот на синдикати проценува дека минималната плата треба да биде најмалку 60 проценти од просечната плата, бидејќи две минимални плати, доколку ги примаат два члена на семејството, не се доволни за покривање на минималната потрошувачка кошница.

Alsat

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button