ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Животот на граѓаните станува се поскап и поскап

Животот на граѓаните станува се поскап и поскап. Државниот завод за статистика во првите пет месеци од годинава забележува постојан раст на трошоците за живот и на цените на производите. Најголемо зголемување има во мај во кој за три насто се зголемени трошоците за живот, додека цените на производите се зголемиле за 3,9 насто споредено со истиот месец претходната година. Зеленчукот, овошјето, маслата, медицинските услуги и течните горива кои ги користат домаќинставата бележат најголемо зголемување. Граѓаните велат дека месечната заработувачка не е доволна за се покријат основните потреби.

„Пензија имам 11 илјади, не стигнува за ништо, нема ништо овде веќе. За младите секој ден е полошо, нема фабрики, ништо не можеш да земеш.“

„Се качуваат цените зејтинот, цигарите. Мала пензија не може да се помине, мизерно, само ќе поминеш. И претходната година платите и пензиите беа мали.“

„Пензија земам како социјална помош 12 илјади денари, повеќе нема. Очекувам да одат цените нагоре. Ние сакаме во Европа, а во Европа има некој работи поефтини од тука.“

Од Народната банка велат дека глобалниот раст на цените е привремен и стабилизација на цените може да се очекува во втората половина од годинава.

„Во 2022 година се очекува намалување на речиси сите цени на примарните производи на глобалните пазари и на нафтата и на цените на храната во најголем дел, а уште повеќе има анализи на намалување на цените на храната ние може да го видиме веќе во втората половина на оваа година нешто што се уште го немаме вградено во проекците. “

И од Министерството за економија прогнозираат можно намалување на цените во септември.

Министрество за економија

„Растот на цените на светските берзи на основните продукти кои се базна суровина за производство последователно влијае на растот на цените на други производи. Ваквата состојба се очекува да се стабилизира со новата реколата која ќе се понуди на светските берзи од септември.“

Последниот извештај на Организиацијата за храна на ООН говори дека во  мај цените на храната во светот се зголемени за 27 насто, што е рекорден раст забележан во последните десет години. Како причини за зголемување на цените се прекините во производството заради пандемијата, сушата и зголемената побарувачка која ги намали резервите на производите.

Andrea Cobanova

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button