РАКОМЕТСПОРТ

ЖРК Чаир со уште едно ново име, се врати Мила Алексоска

Женскиот суперлигаш Чаир промовира ново засилување, откако вчера се пофали со потписот на романскиот десен бек Софија Чавар.

Повратник во редовите на скопскиот клуб е Мила Алексоска која настапува на позицијата кружен напаѓач. Алексоска се враќа во редовите на Чаир чиј член беше и во минатото. Освен за чаирчани, таа настапуваше и за екипите на Металург и Металург Автокоманда.

ЖРК Чаир работи на креирање квалитетен ростер ракометарки за да може да се нападне врвот во мак-ракометот. Минатата сезона Чаир му гледаше во грб на градскиот ривал Ѓорче Петров во првенството, а загуби од овој ривал и во финалето на Купот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button