МАКЕДОНИЈА

Зибери: Оваа генерација матуранти потешко ќе се прилагоди на академскиот живот

Универзитетскиот професор Башким Зибери во емисијата „200“ на Алсат рече дека генерацијата што завршува средно училиште во пандемискиот период ќе има проблеми да се прилагоди на академскиот живот. Тој вели дека универзитетите треба да бидат вклучени во ова прашање.

„Ќе има повеќе тешкотии од претходните генерации. Мислам дека и универзитетите имаат обврска за ова. Летни курсеви, подготвителни курсеви може да се организираат за идните студенти. На пример, на  физика сега ги прифаќаме идните студенти. Знаеме дека основата на физиката е математика и сега претпоставуваме дека можеме да земеме интензивен курс по математика како универзитет“, рече меѓу другото Зибери.

На прашањето дали академскиот кадар е подготвен за ваква промена, професорот Зибери вели дека универзитетите треба да ги преземат сите мерки за создавање на овој систем.

„Мора да има и ако нема, мора да се ангажираат сите инстанци, особено во рамките на универзитетите, за да се создаде такво чувство. Треба да го разбереме ова. Ние мора да го зголемиме квалитетот или едноставно да ги подготвиме студентите за пазарот на трудот“, нагласи Зибери.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button