СПОРТФУДБАЛ

Зидан отворено побара од управата на Реал продолжување на договорот со Модриќ „што е можно поскоро“

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан отворено го повика Реал Мадрид што побргу да ги продолжи договорите со најдобрите играчи на тимот, вклучувајќи го и хрватскиот капитен Лука Модриќ.

Следното лето истекуваат договорите за Серхио Рамос, Лукас Васкез и Лука Модриќ, а на првиот ден од новата година сите тројца можат да преговараат со други клубови за трансфер. Зидан јасно стави до знаење како би сакал да се одигра.

„Сакам да останат сите тројца. Сакам ова да се реши што е можно побрзо. Тоа е во најдобар интерес и за нив и за клубот. Едноставно, тоа треба да се реши што е можно побрзо“, рекол Зидан на прес-конференција во пресрет на мечот против загреаната Селта во шампионатот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button