ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Зијадин Села: Албанската дијаспора јавува за проблеми со попишувањето „онлајн“

Лидерот на опозициската Алијанса за Албанците, Зијадин Села, попладнево соопшти дека членови на албанската дијаспора се жалат оти не можат да се попишат поради блокирање на системот. Ги повика одговорните во Заводот за статистика да го решат проблемот.

„Денеска не е се добро во однос на онлајн пописот. Има потешкотии, како што јавуваат од албанската дијаспора. На определени графи доаѓа до блокади и не може до крај да се заврши пописниот процес. Се надеваме дека станува збор за технички, а не за тенденциозен проблем. Ги повикуваме Заводот за статистика, директорот и заменик-директорот, ако станува збор за технички проблем, да го решат и се надеваме дека не станува збор за алгоритам каде на секој петти, шести или седми не му се овозможува да се попише. Во тој случај навистина би имале проблем.“

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button